Attipas

Attipas обувките за бебиња и деца се дизајнирани со посебно внимание кон потребите на растечките стапала на најмалите. Комбинирајќи ја удобноста на чорап со стабилноста на обувка, Attipas претставува иновативен пристап кон бебешката обувка.

Наменети се за бебиња и деца, поточно од 0-3 години.

 

 

Овие чевли се карактеризираат со својата леснотија и голема флексибилност, овозможувајќи им на бебињата слободно да ги движат нозете и да ги чувствуваат подлогите по кои чекорат. Тие се идеални за проодувањето на децата.

Со својата нелизгачка подлога, Attipas чевлите ја зголемуваат безбедноста при чекорењето, правејќи ги совршени за внатрешни и надворешни активности. Дизајнот е разновиден, со многу бои и шари кои ги привлекуваат и најмалите, стимулирајќи ги не само да се движат, туку и да учат и истражуваат.

Изработени врз основа на обемни истражувања за развој на детското стапало, Attipas чевлите го поддржуваат природниот развој и раст на бебешките стапала, овозможувајќи им да растат здраво и без ограничувања. Воздухопропусливите материјали осигуруваат удобност и сувост, додека ергономскиот дизајн гарантира дека стапалото е правилно поддржано во секој чекор.

Идеални за бебиња кои ги прават своите први чекори, Attipas чевлите се лесни за обување и соблекување, што го прави процесот помалку стресен за родителите и повеќе забавен за бебињата. Со Attipas, секој чекор на вашето бебе е чекор кон безбедно и здраво растење на неговите стапала.

ИСТОРИЈА НА БРЕНДОТ “ATTIPAS”

Зборот „Attipas“ во превод од францускиот јазик значи „чекорот на мојот мил пријател“, каде „atti“ значи „мој мил пријател“, а „pas“ е „чекор“. Производот е лансиран во 2011 година по 7 години заеднички истражувања и развој кои беа спроведени во соработка со Центарот за развој на когнитивно однесување на Националниот Универзитет во Сеул. Attipas е развиен на основа на биомеханички знаења за развој на мозокот. Овозможувајќи на бебињата да го чувствуваат ѓонот на обувката и слободно да ги движат прстите, Attipas помага во исправањето на движењето на бебињата со рамномерна распределба на притисокот на стапалото.

 

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ НОСАТ?

  • ДОМА – Посебно ако имате подни плочки, но и во есенско-зимскиот период, кога подот е ладен.
  • НАДВОР – Attipas обувките се наменети за температури од 16 C до 30 C и постоијат во две верзии: со обична и со топла чорапа, што значи дека вашето дете може слободно да се движи надвор лете и на пролет.
  • ВО ГРАДИНКА – Дете на 2-3 години може лесно самостојно да ги облекува Attipas, а нелизгачкиот ѓон обезбедува подобра рамнотежа во активните игри и трчање со другите деца.
  • ВО ИГРОТЕКА – Attipas обувките не се соблекуваат задолжително во игротеки, заради нивниот флексибилниот ѓон кој не може да повреди друго дете. Дополнително, ребрастиот ѓон обезбедува поголема стабилност на лизгави подови.
  • ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР – Во случај ако вашето малечко чувствува преголема топлина или неудобност во обични чевли, Attipas обувките се одлична помош, а потоа може лесно да се измијат и да се исушат.
  • НА БАЗЕН И НА ПЛАЖА – Attipas обивките се доволно тенки и во исто време добро ги заштитуваат стапалата на детето од остри предмети, секакви повреди и лизгање, но дупките овозможуваат на нозете да „дишат“, така што детето дури може и да плива во нив или да шета по жешкиот песок.

 

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДНОСТИ НА ATTIPAS ОБУВКИТЕ

  • Мали се и флексибилни со што лесно можат да се сместат секаде.
  • Одговараат на потребите на децата од 0 до 4 години во развој, а поради нивниот поширок преден дел, вашето дете нема да ги надрасне минимум 6 месеци.
  • Attipas обувките се апсолутна иновација и се препорачани од педијатри низ целиот свет.
  • Стапалата дишат – Дупчињата на подлогата обезбедуваат оптимално дишење на стапалата и спречуваат потење.
  • Флексибилни – Ѓон на предниот дел кој се витка и полутврд заден дел.
  • Лесни – Суперлесни како чорапи.
  • Удобни – Лесни за облекување.
  • Широк преден дел – Прстите не се стегнати и детето може слободно да се движи.
  • Практични – Може да се перат во машина и брзо се сушат.
  • Безбедни – Не се лизгаат и се апсолутно безбедни за вашите деца, поради отсуство на токсични материјали, лепила, формалдехид.

Величини

Поставете го нашето упатство на цврста површина, поставете го детето на хартија така што ќе се потпира со двете нозе на земја и споредете ја линијата на петата на детето со линијата на петата на цртежот. Нежно притиснете го горниот дел на стапалото за да бидете сигурни дека прстите на детето се испружени. Првата линија пред најдолгиот прст на вашето дете покажува точна големина. Измерете ги обата стапала на вашето дете, бидејќи може да се разликуваат, и нарачајте соодветна големина.

 

Your browser does not support PDFs.
Download the PDF
.

Во случај да не сте во можност да ги измерите стапалата на детето, можете да ја искористите нашата табела, во која првиот ред е големинскиот број на Attipas обувката, вториот должината на Attipas обувката во милиметри, третиот приближната возраст на детето, а четвртиот европскиот број за големина на обувката.

X