Зошто моето дете треба да носи очила за сонце?

Зошто моето дете треба да носи очила за сонце?

BANZ® Очилата за сонце се неопходен и важен додаток, за да ги заштитите очите на бебињата и децата од штетните зраци на УВ светлината. Децата откако ќе се родат, до околу 10 години, немаат филтри во окото за да можат да ги блокирааат УВ-зраците. Всушност, може да направите повеќе штета на окото ако ставите инфериорни (слаба категорија) леќи ,очила пред окото! Зад затемнетите стакла, ирисот природно се отвора за да овозможи повеќе светлина во окото; па така ако леќите не штитат правилно, очите не можат лесно да ги филтрираат УВ зраците, што предизвикува оштетување на мрежницата. За оптимална заштита на очите, Офтамолошкото здружение препорачува да се носат леќи кои блокираат 99 до 100 проценти од УВ-А и УВ-Б зраците, применувајќи УВ-блокада за заштита од сонце.Препорачливо е децата да носат и капа за да се спречи директната сончева светлина да паѓа врз лицето и очите.

Како да го научам моето дете да носи очила за сонце?

Да се ​​носат очила за сонце, е исто како да се зацврствува сигурносен појас, тоа е нешто што треба и може да се научи. Децата учат брзо, но ако не ги научите да носат очила за сонце, тие никогаш нема да научат. Еве неколку наши предлози за тоа како да го натерате вашето дете да сака да носи BANZ® очила за сонце.

1) Кога за прв пат ќе ги ставите очилата BANZ® на вашето дете, тоа треба да биде надвор на сонце – не во затворено,за да ја увидат потребата и разликата, всушност да препознаат за што служат очилата за сонце.

2) Осигурете се дека леќите (од поликарбонат) на очилата за сонце се чисти. Ако не, исчистете ги со чистач на леќи и мека крпа. Ако немате крпа за леќи, сапун и вода ќе помогнат. Само немојте да ги сушите со абразивна хартиена крпа.

3) Центрирајте ги очилата за сонце, така што носачот се потпира на малиот мост на носот и ремените над ушите. Наместете ја лентата од неопрен да биде доволно цврста, така што тие нема да се лизгаат надолу, но не и прецврста. Ако се премногу припиени, нема да сакаат да ги носат.

4) Нормално е, особено за новороденчиња, во прво време да се обидат да ги извлечат очилата. Но, колку повеќе ги возвраќате и ги охрабрувате да ги носат, толку полесно станува. Започнете со ставање очила на вашето дете уште од најмала возраст, колку помало побрзо ќе навикне. Запомнете дека носењето на очила за сонце 5 минути како за прв пат е прекрасно. Тоа е ново искуство особено за бебињата, така зголемувајте го времето постепено.

Која е УВ-заштитата на очилата за сонце на Banz®?

Леќите се UV400 леќи, категорија 3. Овие леќи го блокираат целиот спектар на зраците, 100% UVA, UVB и UVC заштита од сонцето. УВА зраците се смета дека се поштетни за кожата; тие предизвикуваат изгореници и се под надворешниот слој на кожата. УВБ зраците се зраците за кои се смета дека се најлоши на окото и предизвикуваат оштетување на мрежницата и леќи со преголема експозиција на сонцето и недоволно заштита. УВЦ зраците се исклучително опасни, но не ја достигнуваат површината на земјата заради апсорпцијата во атмосферата.

Од што се изработуваат очилата за сонце?

Рамките и леќи BANZ® се изработени од поликарбонат материјал. Овој материјал ги прави рамките BANZ® практични, флексибилни, меки и пријатни за носење дури и подолг период. Ова е најбезбедниот материјал што се препорачува кај детски очила.

Од што се направени лентите кај бебешките очила?

Лентите BANZ® се направени од Neopren. Неопрене е ист материјал што се користи за правење на облека за пливање од; тоа е затегнато и лесно се чисти само со сапун и топла вода. Материјалот е многу мек и удобен за малите главчиња; ги задржува очилата каде што треба да бидат – на очите на детето. Дополнителен бонус е тоа што лебдат во вода за да се избегне губење во базен или на плажа додека се капете. Лентите имаат лепенка, со чија помош ја регулирате затегнатоста и служи за полесно ставање и вадење на очилата кај бебето,а со тоа додека расте бебето растат и очилата

X