Гласните звуци може да бидат поопасни за децата и бебињата отколку што очекувате, доколку не се подготвите соодветно. Нивниот слух е во полн развој во првите неколку години и е неверојатно ранлив.
Антифоните слушалки во последниве години се посебно актуелни затоа што го решаваат овој проблем – го штитат детскиот слух и воедно им дозволуваат на родителите поголема комоција, односно да не мора да се двојат од детето како би присуствувале на било каков настан.
Детските штитници за уши, односно антифоните слушалки се неопходни за користење до 36 месеци, но „купуваат мир“ и спречуваат непотребни изложувања на ризик и стрес дури и на поголема возраст.
Постојат 6 настани на кои секое бебе или дете до оваа возраст да ги носи на себе:
1.При патување со авион
Воздушниот притисок и гласните непознати звуци во авионот може да бидат непријатни за малите дечиња, доколку ушите им се незаштитени. Со антифоните слушалки спиењето во авион е лесно, без многу труд и напор.
2.На свадби и други гласни прослави
Ако сте родители кои не сакаат своето бебе или дете да го остават дома додека целото семејство се весели (или едноставно нема никој слободен за чување), антифоните слушалки ќе ви ја купат комоцијата која ви е потребна.
3.Било какви спортски натпревари
Дури и да сакате детето да ужива во глетката, додека не наполни 36 месеци, пожелно е да го поштедите од непредвидената галама и навивање кои траат предолго на сите спортски натпревари.
4.Во присуство на огномет
Во периодот кога не можете да му објасните на детето што е огномет, експлозивните звуци може да го вознемират. Антифоните слушалки ќе му овозможат уживате во глетката, без стрес.
5.Реновирање низ дома
Ако се подготвување за гласно кршење на плочки или било какво поголемо реновирање низ дома, земете го предвид фактот дека на бебето ќе му биде прилично тешко да остане смирено и да заспие без соодветна заштита.
6.Во кино
Филмските проекции може да достигнат ниво на гласност до 98 децибели, што за споредба е на исто ниво како кога полетува авионот или до вас поминува воз. За да не дојде до вознемирување или поголеми трауми во развојот, се препорачува (особено малите бебиња) во кино да носат слушалки за придушување на силните звуци.
Banz антифоните слушалки се лесни, ја спречуваат претераната стимулација предизвиката од галама и гласни звуци и им овозможуваат на бебињата и дечињата мирно да спијат додека родителите се во движење.
Важно е да знаете дека при носењето на Banz антифоните слушалки детето не е комплетно изолирано од звуците, бидејќи од најрана возраст е важно да е изложено на звуци заради развој на слухот, но е сосема заштитено од тоновите кои може да го вознемират или оштетат слухот.
Кога детето или бебето ги носи слушалките на себе и понатаму може да ги препознае амбиенталните звуци или гласот на родителите, но со многу помал интензитет, доволен да остане смирено и безбедно.
Ги препорачуваме на сите родители кои се борат да му ја пружат најдобрата заштита и безбедност на своето дете, без притоа да ја жртвуваат сопствената потреба за социјална интеракција.
Чувајте го своето дете додека го носите секаде со себе и уживате во заедничките авантури!
Препорачани дури и од децата на славните 🙂