Ако постојано повторувате „Внимавај, ќе паднеш“ сигурно нема да му помогнете на детето да прооди, но постои попаметен начин како да се подготвите за првите чекори и да го охрабрите.
Периодот на паѓања може да се намали, а исто и периодот на лазење. Во што е трикот?
Обезбедете му стабилна површина под нозете.
Тоа не значи дека треба да оди само по меки и покриени површини, туку да го охрабрите дека ноџињата му се секогаш подготвени независно од теренот по кој гази.
Кои се најчестите грешки кои родителите ги прават при проодувањето на детето?
Нудење на преголема помош
Пред да му помогнете физички, размислете дека со тоа му ја попречувате способноста да стане самостојно и да го совлада чекорењето.
Претерано зборување и предупредување
Децата на 1-годишна возраст не размислуваат логично и не го знаат концептот на последици од нивните постапки, па секое залудно зборување може само да создаде нервоза.
Оставање да се движи босо или со неправилно одбрани патики
Тоа што патиките чинат исто колку и за нас возрасните, не значи дека се здрави за детето. Па, како да ја знаете разликата од добра и лоша обувка за проодување?
Карактеристиките на добрите обувки за проодување се следниве:
Флексибилност – прстите на детето не се во неприродна позиција и стапалото не е фиксирано за ѓонот.
Лесен ѓон – детската нога би требало постојано „да диши“ и да не е затворена со токсична гума.
Ѓон кој пропушта воздух – циркулацијата на воздух помага да не се задржува влагата, а со тоа го штити детето од други компликации на нозете.
Ѓон кој не се лизга – нелизгачките обувки даваат чувство на стабилност и сигурност, која е клучна при првите чекори за тие да останат безгрижни.
Место за прстите – клучно е секое прсте на детето да биде во природна положба и да може непрекинато да се движи, за правилен развој на моториката.
Удобност – изработката од природни материјали како памук и нетоксична гума не дозволува да се создаде одбивност кај детето.
Лесно одржување – ова е најважно за родителите, обувките лесно да се одржуваат и перат без да се оштетат.
По 7 години усогласување на сите овие карактеристики, конечно ја имаме колекцијата на обувки за проодување на Attipas кои ги исполнуваат сите горенаведени услови.
Развиени се со помош на биомеханичко проучување на развојот на детскиот мозок во најраната фаза на движење и проодување, па затоа единствено Attipas обувките го поминуваат тестот за правилно распоредување на притисокот врз стапалата при проодувањето.
Тоа што доаѓаат во многу бои, дезени и шари ги прави уште попривлечни за детското око.